Концепт за iPhone 8 - 2K екран и 2 дисплеја

Објавено на 17.07.2015 во Новости



Концепт за iPhone 8 - 2K екран и 2 дисплеја

Чудно е малку што уште сега излегуваат шпекулациони информации за iPhone 8. Џермејн Смит го претстави новиот модел на iPhone, кој се уште не е ниту спомнат од никој и никаде. Со концептното видео Смит се обидува прецизно да ги прогнозира дизајнот, перформансите и камерата. Ако е така како што човеков претскажува, значи дека телефонот ќе биде подобар во секој поглед.



Џермејн навистина се потрудил со видеото - ги споредува претходните модели заедно со сето тоа што корисниците генерално го обожаваат кај дизајнот на iPhone. iPhone 8 би требало да има два екрана, со што ќе се сликаат квалитетни селфи фотографии и со задната камера.



Ќе се израдувате со податокот дека едниот 2К QuadHD дисплеј на уредот ви овозможува одлично искуство со што ќе може да фаќате многу детали, со резолуција од 1920 x 1080 пиксели, а вториот е со цел да не ја троши батеријата, нешто слично како случајот со YotaPhone.



Дизајнот ќе биде уште поубав, се разбира, со метална рамка, ќе има многу подобрувања во софтверот, ќе поседува технологија со безжично полнење и ласерска тастатура, за побрзо пишување и полесно користење. Се уште не е презентиран iPhone 6s, а не можеме да го замислиме ниту iPhone 7. Мора да признаеме дека Џермејн одлично го конципирал видеото.