Најновите уреди што нема да ве разочараат во 2021
Наши забелешки
Positives:
+ Иновативни алатки што се грижат за вашето здравје;
+ Квалитетен звук;
+ Одлична камера;
+ Преклопен смартфон со поголем внатрешен и помал екстерен дисплеј;
Negatives:
Се што правиме се менува со голема брзина во денешно време, затоа што ни се потребни уреди што може да не следат и да се прилагодуваат со нашите секојдневни активности, а воедно ги следиме и нашите желби и потреби. На Galaxy Unpacked настанот беа претставени најновите очекувани технолошки новитети со врвни перформанси.
Револуција на дланка
Нешто што навистина потсетува на почетокот на револуцијата се новите и најнапредни преклопни смартфони, со исклучителни перформанси и опции што носат ново и врвно корисничко искуство. Новите преклопни членови на Galaxy Z семејството, Z Fold3 5G и Z Flip3 5G, оваа година се подобри од било кога. Тие претставуваат ултимативен спој со добри перформанси, што го олеснува мултитаскингот, но и овозможува врвна забава, како и добро искуство во текот на користењето.
Опремени се со најнов, привлечен Infinity Flex Display екран, а Galaxy Z Fold3 доаѓа со поддршка дополнителна поддршка за S Pen, што е за прв пат досега, воопшто на некој преклопен уред. Дизајнирани се со цел да им биде полесно на корисниците да се снаоѓаат со секојдневната брза рутина, благодарение на многубројните опции и алатки за автономија во работата.
Она што е посебно интересно на овие смартфони е дизајнот од исклучително издржлив материјал Armor Aluminium, што е еднакво на најиздржливото алуминиумско куќиште досега. Не може да влезе вода во овие уреди благодарение на IPX8 сертификатот за водоотпорност, па слободно може да ги користите и во текот на дождливиот ден без страв.
Ќе слушаме „јасно и гласно“
Слушалките се апсолутно најпопуларен уред, затоа што сите ги користат, на сите им требаат и го олеснуваат животот. Нешто што веројатно сите ги фрустрира е борбата со каблови, отплеткувањето, паѓање од ушите и слично. Но, тоа не значи дека сите корисници ги проживуваат слушалките фрустрирачки во текот на својот ден. Новите најлесни и најмали слушалки досега, Galaxy Buds 2, дизајнирани се со цел да овозможат врвен звук и удобно носење – без борба. Новите динамички двонасочни звучници обезбедуваат остар и јасен звук, а со своите напредни спецификации како што е Active Noise Cancellation, се филтрира бучавата. Така корисникот може да ги подеси по своја желба во три различни нивоа. Овие слушалки се идеални партнери за вашето работно место, но и за вашето слободно време. Како дел од Galaxy семејството, новите Galaxy Buds 2 безжични слушалки обезбедуваат совршена синхронизација со останатите Galaxy смартфони, како најновите Galaxy Z Fold 3 5G и Galaxy Z Flip 3 5G смартфони.
Најдобриот пријател што се грижи за вашето здравје
Популарен и корисен уред е смарт часовникот што се поврзува со вашиот смартфон, ги прикажува сите известувања, ви овозможува екстерно јавување на повици, ја следи телесната активност, сонувањето, времето поминато на работа и слично. Популарноста на овие уреди растот, затоа што расте и потребата за побрзи и поквалитетни перформанси, додека воедно се става акцент на здравјето, особено сега кога сме во пандемија со коронавирусот. Со цел овозможување на поприроден, поповрзан и поквалитетно корисничко искуство досега, со акцент на врвни алатки за активен мониторинг и одржување на сопственото здравје, настанаа Galaxy Watch 4 и Galaxy Watch 4 classic смарт часовниците. Опремени се со врвни оперативни системи, процесор со врвни перформанси и целосно нов револуционерен Samsung BioActive сензор, кој без оглед на својата големина, ја задржува големата прецизност на мерењето. Внатре во него се наоѓаат три сензори, а тоа се мерње на вредноста на биоелектричната импенданција (BIA), оптичкиот сензор за отчукувања на срцето и електричен сензор за следење на срцевиот ритам со помош на кој корисниците сега може да мерат кога и да посакаат, во краток период од 15 секунди и тоа со помош на два допира да дознаат до 2,400 различни информации за своето тело.
Новите Samsung смарт уреди се дефинитивно најприкладните технолошки алатки за апсолутно секој начин на живот и секоја пригода. Продуктивноста, иновацијата, брзината, мултитаскингот, забавата и здравјето во една галаксија, галаксија достапна за сите.