Huawei Watch GT Runner: Првиот професионален часовник за оние што трчаат

Објавено на 24.03.2022 11:07 во Рецензија


Huawei Watch GT Runner: Првиот професионален часовник за оние што трчаат

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Нова Huawei TruSeen 5.0+ технологија за следење на отчукувањата на срцето;
+ GNSS чип од пет сателитски системи за попрецизно позиционирање;
+ Професионален систем за трчање Huawei TruSport;
+ RAI индексот детално и прецизно го мери трчањето;
+ HarmonyOS софтвер;
+ Компатибилен со Android и iOS;
+ PPG 5.0 модулот мери точни отчукувања на срцето;
+ Водоотпорност; 

 

Negatives:



Целата рецензија

Huawei го презентираше новиот смартчасовник специјално наменет за тркачите, т.е. за сите што се занимаваат со атлетика посериозно. Watch GT Runner го комбинира најдоброто од GT серијата, со додатоци специјализирани за тркачи. 

Watch GT Runner ја содржи новата Huawei TruSeen 5.0+ технологија со следење на отчукувањата на срцето, што овозможува динамички пулс и следење на количеството на кислород во крвта, а содржи и скриена антена со двопојасен GNSS чип од пет сателитски системи за попрецизно позиционирање.

Професионалци во трчање

Професионалниот систем за трчање на Huawei TruSport, на корисниците им овозможува детална анализа, со целокупен преглед на податоци, како што се интензитетот на тренингот, обемот на тренингот и времето на закрепнување. Новиот систем за мерење на способноста за трчање, индексот за способност на трчање (RAI), овозможува објективна проценка. Со RAI параметрите и количината на оптеретување за време на тренингот, како јадро на научната програма за трчање, секој корисник ќе може да стане подобар тркач.

RAI индекс

Индексот за способност за трчање (RAI) ја одбележува состојбата на организмот за трчање и така ја проценува неговата способност и нивото на трчање. Дури и ако корисникот досега не го достигнал својот максимум, системот може да го пресмета дејството при трчањето, врз база на историјата на отчукувањата на срцето, темпото, оддалеченоста, колку често се трча и други параметри што RAI индексот ги зема во предвид, со цел прецизно да ја класифицира способноста на тркачот.

Освен тоа, часовникот ги прикажува и научно факторираните податоци, како што се количина на умор, индексот за тренинг, интензитетот на аеробен и анаеробен тренинг, со цел на тркачите да им овозможи прецизна анализа за моменталните способности за трчање и прилагодениот план за трчање, со цел да се постигнат оптимални резултати.

Апликации

Врз основа на тие податоци, Huawei развил индивидуална програма за трчање врз база на наука преку Huawei Health апликацијата. Watch GT Runner ги анализира сите податоци за вежбањето и интелигентно ги идентификува како различни периоди на тренингот (основно, дигање, консолидација и редукција) и сето тоа според моменталната атлетска способност на корисникот и неговата цел.

Потоа соодветно го прилагодува интензитетот на тренингот и постепено го зголемува обемот на тренирањето, со цел да се подобри способноста за трчање и кондицијата на корисникот.

Huawei Watch GT Runner има HarmonyOS софтвер, верзија 2.1. Во смарт режимот на работа, батеријата треба да трае до 14 дена, т.е. 8 дена кога константно се користи. Од останатите опции би го спомнале барометарот и компасот, можноста за пуштање музика преку звучник или слушалки, може да ги користите апликациите Adidas Runtastic, Fitify, Komoot или Health Sync, а бројот на достапни апликации значително ќе се зголемат во следните месеци. Watch GT Runner е компатибилен со сите iOS и Android уреди, а се што треба да направите е да ја преземете апликацијата Huawei Health на својот смартфон.

Следење на параметрите

Новата TruSeen 5.0+ технологија содржи нов модул за мерење на отчукувањата на срцето, што овозможува осум фотодиоди во кружен распоред, подобрено динамичко следење на отчукувањата на срцето, повеќе влезен сигнал и општо подобрена точност за следење на отчукувањата на срцето за време на напорното вежбање. Посебно внимание е посветено кон точното следење во бројот на отчукувања. Благодарение на PPG 5.0 модулот, точноста за следење на отчукувањата на срцето е значително подобрена во споредба со претходната генерација, со прецизност од 97% при 10 отчукувања во минута.

Дизајн

Huawei Watch GT Runner е изработен од куќиште од полимерни влакна со ќерамичка завршна обработка и тркалце од титаниумска легура со 38,5 грами антибактериски и водоотпорен ремен за часовник. 

Заклучок

Huawei Watch GT Runner е дефинитивно добро парче изработка од страна на кинескиот бренд, кој има за цел да им помогне на професионалните спортисти во трчање и аматерите што сакаат да ги следат сите параметри и напредувањето. Со оглед на тоа што имаме голем број на ентузијасти за трчање низ светот, веруваме дека Huawei ќе постигне голем успех со овој модел на смартчасовник, што мислите вие?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.