Honor X6a е нов модел со подобрени перформанси и ниска цена

img

Honor брендот не е познат по своите премиум производи, туку по своите ценовно прифатливи уреди, што го овозможуваат најдоброто за парите. Honor X6a е нов модел на смартфон од средната класа со одлични перформанси и ниска цена.

Наследникот на Honor X6 го подобрува својот претходник во дисплејот и батеријата. 6.56-инчениот HD+ дисплеј поддржува 90Hz стапка на освежување на екранот, во споредба со претходниот што беше со 60Hz. Од внатрешната страна Honor X6a има MediaTek Helio G36 процесор, заедно со 4GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија.

Honor X6a располага со тројна задна камера од 50MP + 2MP + 2MP, при што главната камера има 1080p видео , додека резолуцијата на сликите изнесува 8160x6120 пиксели. Предната камера изнесува 5MP, батеријата има капацитет од 5,200 mAh и брзина на полнење од 22.5W. Honor X6a содржи MagicOS 7.1 кориснички интерфејс, што се базира на Android 13. Honor X6a е сега достапен за €150, а во Европа се очекува да пристигне наскоро.

img
No.1 D2 - Смарт часовник за елегантните
Кинескиот бренд No1. со големи чекори се пробива до врвот и за кратко време стана сериозен конкурент со различни решенија во сите понуди, а...
Повеќе »

img
iPad Pro - профи и премиум дизајн!
iPad е сè уште на врвот во светот на таблетите...
Повеќе »

img
Oppo R7 Plus - колоритна камера, супер дизајн
R7 линијата смартфони на кинескиот производител Oppo се обидува да се наметне...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/