vivo X5 Pro - професионалец од средна класа!?

img

Vivo е производител на смартфони кој стана познат кога го објави "најтенкиот смартфон во светот" - vivo Х5 Max, кон крајот на 2014 година. Тенок е 4,75 мм, има батерија со капацитет од 2.000 mAh, кој беше нормална верзија на мобилен телефон. Сега е претставен vivo X5Pro, кој е малку подебел - 6,44 мм, со помал дисплеј од 5,2 инчи и поголема батерија од 2450 mAh. Според хардверот, vivo X5Pro припаѓа во средната класа и чини околу 530 долари. Со стаклена и метална градба, телефонот ви нуди добар дизајн, но цената е малку висока, така што очекувавме од него солидни перформанси.

Дизајн

Ако го погледнете vivo на маса, лесно ќе препознаете дека си личи многу со iPhone 6. Неговиот дисплеј е поголем, но општите пропорции, обликот, отворот за слушалката, предната камера и Сензорот за близина се поставени на многу сличен начин како кај телефонот на Apple. Разликата е тоа што тој содржи три капацитативни навигациски копчиња одоздола, акцентирајќи ја сребрената блескава боја.

На рамката на телефонот имате контроли за глас, копче за вклучување, носач за СИМ картичка од десната страна, приклучок за слушалки одозгора и УСБ порт одоздола, со два симетрични отвора - еден за звучниците и еден за микрофонот. Од задната страна телефонот има стаклена плоча, која што се состои од стакло и метал. Декорацијата е интересна и минимална, камерата се наоѓа на горната лева страна, слично како кај дизајнот од претходниот vivo телефон. Телефонот е доволно тенок за да се чувствувате удобно кога го држите во рака. 

Дисплеј

Vivo X5Pro има Super AMOLED дисплеј, кој се одликува со живописни бои, но фрла и малку сина боја. Температурата на бојата изнесува 7677 Келвини, што е многу повеќе од референтната вредност од 6.500К. Реално тоа не пречи многу. Дисплејот е голем 5,2 инчи, со резолуција од 1080 x 1920 пиксели и 424 ppi густина на пиксели - со други зборови, прилично остра слика. Сите агли за гледање во дисплејот се прилично добри. Светлоста на дисплејот изнесува 318 нити кога е поставен на максимум. Тоа не е толку импресивно, но екранот сепак не прави проблеми кога гледате во надворешни услови дури и на сончев ден. 

Интерфејс и софтвер

Vivo X5 Pro има Funtouch кориснички интерфејс, со Android 5.0 Lollipop, кој е полн со апликации - функцијата за пребарување кога ќе повлечете надолу на почетниот екран homescreen, паѓачкото мени за известувањата, центарот за контрола со лизгање на екранот кон долу, како и некои од комерцијалните апликации: Music, Theme и Manager. Има интересни опции како на пример Smart Keep Bright (Остави го екранот вклучен додека корисникот гледа во него), Air operation (отклучување на екранот мавтајќи со раката над предната камера) и Smart Wake опциите, со кои ќе може да го отклучувате телефонот и да активирате апликација со цртање на одреден знак на екранот. Значи, има многу корисни опции, кои што претходно ги имаше на Samsung и Oppo телефоните. Дизајнот на интерфејсот е позајмен, но тоа настрана сега, затоа што работи добро, функционален е и практичен. 

Апликацијата i Manager е чуварот на телефонот. Таа забранува автоматско активирање на апликации во позадина, освен ако се избрани од корисникот. I Manager ќе ве праша секогаш кога ќе инсталирате апликација, дали сакате да ја ставите истата на белата листа на апликации, што значи дека ќе биде тешко да блокирате апликации случајно. I Theme им овозможува на корисниците да креираат тема по сопствен вкус, со вклопување и измешување на веќе готовите теми за телефонот. Имате многу слики и ефекти. При тестирањето на софтверот "vivo Mobile Assistant", очигледно гласовниот асистент не е од никаква помош, односно не функционира. Оперативниот систем Funtouch ОС сепак е доволно стабилен и одличен е за редовна употреба.

Процесор и меморија

Малку е чудно што телефон како овој го носи „Pro“ прекарот, а има хардвер како за телефони од средна класа. Vivo X5 Pro има 64-битен octa-core Qualcomm Snapdragon 615 процесор, 2GB RAM меморија, што значи дека не е хардверска велесила, но мобилниот функционира задоволително и треба тоа треба да биде доволно за обичните корисници. Интерфејсот се гуши кога има потешки задачи за работа - на пример, ако прикачувате 52 слики на Google Drive, процесот е премногу бавен. Телефонските разговори, чатувањето, и сурфањето на интернет се лесни апликации, така што телефонот лесно се справува со нив. Тешките игри и апликации се тешки за соџвакување на телефонот. X5 Pro има на располагање 16GB внатрешна меморија, но може да се надополни преку microSD картичка со плус простор од 128GB.

Интернет, конекција и батерија

Веб прелистувачот е бавен кога сакате да сурфате на тешки веб-страници, односно кога има движечки анимации. Google Chrome овде дава задоволителни резултати. Прилично големиот и остар екран на телефонот е пријатен за прелистување. X5 Pro поддржува две СИМ картички, од кои едната може да ја резервирате и за microSD картичка. Моделов нуди LTE поддршка за конекција, со фреквенции од 900 (band 8), 1800 (band 9), 2100 (band 1), и 2600 (band 7) MHz. Останатите алатки за поврзување се: аGPS со Glonass, Bluetooth 4.0, и 802.11 b/g/n Wi-Fi. При тестирањето на батеријата со капацитет од 2,450 mAh, vivo X5 Pro успеал да се одржи во живот 5 часа и 42 минути. Ова се многу ниски резултати. За полнењето на телефонот до 100% ви се потребни само 3 часа.

Камера

Vivo X5 Pro има 13MP камера со F2.0 решетка од задната страна и 8MP селфи камера. Апликацијата за камерата е многу слична со онаа на iPhone. Нема многу функции, но сепак ги има најважните алатки - HDR режим, Панорама, Ноќен режим, Разубавување на лице и Bokeh. Камерата има и Children mode - со разни забавни звуци, кои го привлекуваат вниманието на вашиот објект и ве тераат да се насмевнете; Festive mode - додава филтри и водени жигови, како што се "Прекрасно!", "Те сакам!", податоци за локацијата и така натаму; и PPT режим - што теоретски ви помага да сликате текст од документ или бела табла, а потоа да го исчистите од позадината и да ги нагласите буквите.

Квалитетот на сликата сепак би кажале дека не е доволен. Кога има доволно дневна светлина, тогаш фотографиите се во ред, но кога сликате ноќно време, тогаш имате нечисти детали. Телефонот со својата камера може да ви послужи за добри светлосни услови и ќе ви направи убави спомени со најблиските, но нема да ви послужи за професионални услови. 

Заклучок

Не е лесна задача за да дадеме финално мислење за vivo X5 Pro - од една страна, хардверот е многу слаб, интерфејсот е сличен со iOS, а моделот не вреди за неговото Pro име. Од друга страна пак преде добро, поседува мноштво корисни опции, изгледа добро и се чувствува убаво во раката. Неговата цена од 530 долари е малку пренапумана, со оглед на неговата разочарувачка камера, ограничени LTE бендови што ги поддржува и фактот што нема способност за употреба при тешки задачи - ниту во делот на хардверот, ниту во делот на батеријата. Телефонот има убав дизајн, тоа најмногу ни се допадна од се, па ако сте корисник за обична и дневна употреба на телефонот, тогаш ова е тоа за вас. 

Автор: Александар Младеновски

img
No.1 D2 - Смарт часовник за елегантните
Кинескиот бренд No1. со големи чекори се пробива до врвот и за кратко време стана сериозен конкурент со различни решенија во сите понуди, а...
Повеќе »

img
iPad Pro - профи и премиум дизајн!
iPad е сè уште на врвот во светот на таблетите...
Повеќе »

img
Oppo R7 Plus - колоритна камера, супер дизајн
R7 линијата смартфони на кинескиот производител Oppo се обидува да се наметне...
Повеќе »

img
LG G3 S - Прекрасен изглед, ниска цена
LG Mobile ја има можеби најразновидната понуда во средната класа покрај Samsung, но за разлика од најголемиот конкурент го применува премиум...
Повеќе »

Мобилна верзија | Целосна верзија

https://telefoni.mk/