Протече првата верзија на Cortana за Android

Објавено на 18.07.2015 во Android



Протече првата верзија на Cortana за Android

Microsoft се уште е во бета фаза на развој на Cortana апликацијата за Android со која ќе може да добивате информации од интернет, закажување на потсетници, аларми и настани, како и поврзување на повеќе функции на телефонот со гласовни команди. Но, за да не чекате до официјалниот пласман може да ја инсталирате почетната верзија на Cortana со протечениот apk фајл.
 
За инсталација претходно треба да го наместите вашиот Android да прифати софтвер од непознати извори и ќе може да го внесете apk фајлот за Cortana. Доколку пак, не ви се ризикува почекајте ја официјалната верзија која на почеток ќе биде наменета за САД и Кина, а за да ја користите ќе мора да го поставите телефонот како да е од тие региони.