Ebay - му се заканува ли пропаѓање?!

Објавено на 20.07.2015 во Новости



Ebay - му се заканува ли пропаѓање?!

PayPal официјално ја напушта онлајн продавницата eBay. Компаниите ќе се разделат и ќе функционираат посебно, а PayPal по втор пат после 17 години ќе биде изваден на берза. Со оваа разделба се чини дека eBay ќе има голема причина за плачење, затоа што му се заканува колапс. Проблемот е тоа што глобалната онлајн продавница во последно време бележеше лоши резултати со продажбата, во споредба со доминантниот PayPal. Ebay ќе продолжи со онлајн продажбата, а PayPal ќе се фокусира на мобилно плаќање. Интересно е што PayPal беше купен од eBay во 2002 година за 1,5 милијарди долари.



Според финансискиот извештај за четвртиот квартал од 2014 година, eBay доживеа раст од 396 милиони долари, но 327 милиони долари потекнуваа од PayPal. Цифрите кажуваат дека на eBay му се заканува пропаѓање доколку не преземе нешто во брзо време. Останува да видиме уште како ќе се купува отсега на eBay, затоа што досега продажбата одеше исклучиво преку PayPal профил. Можете ли да замислите како eBay ќе функционира без својата најголема поддршка PayPal?