5 смартфони што најмногу зрачат

Објавено на 21.07.2015 во Новости



5 смартфони што најмногу зрачат

Постојат голем број на истражувања кои покажуваат дека телефоните немаат голем степен на штетно зрачење кое може да предизвика карционом, но во секој случај треба да избегнете долго да ги држите во џебот и да го оставите телефонот покрај главата додека спиете. Постои и метода на мерење на радијацијата која го определува процентот на абсорбција на телото и се одредува со ват на килограм и секое зрачење над 1.6 спрема 1 килограм е штетно. Според мерењата ова се телефоните со најголемо зрачење или SAR мерка блиску 1.6 w/kg.
 
 
Huawei Vitria има SAR од 1.4 и овој телефон може да се најде во пост-пејд понудата со пониска цена. Привлечноста лежи во понудата на 4G LTE конекција, но треба да внимавате при неговото користење. 
 
 
Следен на листата е Alcatel One Touch Evolve со идентично зрачење од 1.4. Oвој телефон е ширико распространет во понудата со 4 инчен дисплеј и 5 мегапикселна камера, но и висок процент на зрачење. 
 
 
Трет на листата е Motorola Moto E со SAR од 1.5 и ова големо изненадување бидејќи телефонот се смета за еден од поквалитетните во ниската класа со 4.3 инчен дисплеј, 1 GB RAM и 5 мегапикселна камера, како и многу ниска цена од 130 долари.
 
 
Второто место го завзема уште еден телефон на Motorola, а тоа Droid Ultra кој се доближува до максимално дозволената граница со SAR 1.54. Droid Ultra е еден од најпопуларните телефони во средната класа, па добар дел од корисниците најверојатно не се ни свесни за неговиот степен на зрачење.
 
 
Неславниот шампион е Droid Maxx што покажува одредена шема на штетно зрачење кај Motorola телефоните, секако не сите модели, но барем овие три се навистина доволни. Motorola Droid Maxx како што е случајно прогнозирано и се неговото име има највисок степен на SAR зрачење од 1.55 w/kg и е навистина штета бидејќи доби големи пофалби за HD дисплејот и супер издржливата батерија.
Автор: Aleksandar Stankov