Huawei ја одбрани честа со евтиниот Honor 4A

Објавено на 21.07.2015 во Новости



Huawei ја одбрани честа со евтиниот Honor 4A

Huawei лансираше уште еден Honor смартфон во серијата која досега понуди прилично добри телефони со ниски цени, а тоа е случај и со новиот Honor 4A кој ќе чини само 119 долари. 
 
Huawei Honor 4A располага со 5 инчен 720p HD дисплеј, четири-јадрен Snapdragon 210 процесор, 2 GB RAM, 8 GB меморија која може да се дополни преку microSD картичка, потоа 8 мегапикселна камера на задната страна,  4G LTE конекција, батерија со капацитет од 2100 mAh, а за софтверот ќе се ангажира Android Lollipop. 




Прочитајте повеќе: