Потврден Huawei G8 со нов потенцијал во средната класа

Објавено на 23.07.2015 во Новости



Потврден Huawei G8 со нов потенцијал во средната класа

Huawei не престанува да ги освојува главните вести овие денови со нови квалитетни модели, па сега на ред е и Huawei G8 како дополнување на понудата во средната класа со нови можности.
 
 
Huawei G8 е одобрен од кинеската агенција за комуникации TENNA и од апликацијата може да се откријат дел од неговите спецификации кои опфаќаат 5.5 инчен HD дисплеј, осум-јадрен процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, 13 мегапикселна главна камера, како и скенер за отпечатоци. 
 
 
Оваа солидна конфигурација со цена од околу 300 долари може да биде совршена за купувачите со помал буџет, па наскоро ја очекуваме и промоцијата на Huawei G8.