Android Two со втора шанса за евтини телефони од Google

Објавено на 24.07.2015 во Новости



Android Two со втора шанса за евтини телефони од Google

Google очигледно е задоволен од продажбата на евтините Android One телефони и подготвен е за втората серија која ќе продолжи таму каде што започна во Азија освојувајќи ги купувачите со цена од само 100 долари. Во Android Two програмата веќе се вклучение најатрактивните индиски производители кои ќе креираат солидни телефони со пристојни перформани одлично прилагодени за најновата верзија на Android Lollipop.
 
 
Google успеа да склучи и договори со неколку европски брендови од помал обем за пласирање на евтините телефони, но на овој пазар многу потешко проаѓаат. Затоа се надеваме дека со Android Two ќе овозможат многу повисок квалитет во идеалната ценовна категорија од 100 евра. Промоцијата на првите Android Two телефони ќе се одржи во Индија на 27 јули.
Автор: Aleksandar Stankov