Најнови детали за LG G Pad 3 - Таблетот ќе гази

Објавено на 27.07.2015 во Новости



Најнови детали за LG G Pad 3 - Таблетот ќе гази

LG Mobile подготвува нов адут во таблет категоријата кој ќе има пристапна цена до 350 долари, а при тоа ќе понуди прилично ефикасен и функционален сетап. Според најновите информации LG G Pad 3 ќе има 8.3 инчен Full HD, четири-јадрен процесор, 3 GB RAM, 32 GB меморија, 8 мегапикселна камера и Android 5.1 оперативен систем. Промоцијата на LG G Pad 3 може да ја очекуваме во текот на септември.
Автор: Aleksandar Stankov