Robo-Mate - човечки мозок и сила на робот!?

Објавено на 27.07.2015 во Новости



Robo-Mate - човечки мозок и сила на робот!?

Технолошките компании веќе одамна се занимаваат со развивање на егзоскелетони, со кои сакаат да им помогнат на парализираните да проодат и да бидат агилни. Оваа технологија е привлечна и за американската војска, која има посебни оддели за егзоскелетони. Тие сакаат да направат посилни и побрзи војници. Ова може да овозможи и поголема ефикасност и сила на работниците што работат тешка физичка работа во фабрика, што значи помалку трошење на енергијата од телото. 
 
 
Германската компанија Fraunhofer AIO веќе две години ја развива технологијата Robo-Mate, кој има за цел да им овозможи на луѓето да дигаат товар за 10 пати потежок во споредба со сегашната максимална сила на нашите мускули. Со овој специјален костим ќе може да се дига товар тежок 10 кг, за кој ќе имаме чувство дека дигаме само 1 кг. Целта на костимот е да овозможи извршување на комплексни задачи и маневри, кои бараат човечки мозок и сила на робот.

„Седиштето на автомобилот е тешко 15 кг, а работникот што ќе го облече овој костим ќе има чувство дека дига седиште од 1,5 кг“, коментирала професорката Кармен Константинеску.
 
 
Посебните модули на рацете издржуваат товар што луѓето не можат да го носат, додека модулите на грбот и нозете спречуваат проблеми со грбот и `рбетот кога се подигаат тешки предмети. Robo-Mate значително ќе придонесе за зачувување на човечкото здравје. После 2 години работа на Robo-Mate, екипата од Fraunhofer IAO конечно официјално го претставува роботот, за чие развивање соработувале со 12 институти и компании од европски земји.