Meizu M2 Note - евтина верзија на iPhone 6

Објавено на 28.07.2015 во Новости



Meizu M2 Note - евтина верзија на iPhone 6

Meizu дефинитивно е еден од светските топ брендови од новите кинески генерации. Корисниците се генерално задоволни од Meizu, од пристапот на компанијата кон клиентите, па се до финишот за изработката на смартфоните. На прв поглед Meizu M2 Note изгледа слично како iPhone 6 и Samsung S6, но, со далеку поповолна цена.
 
 
Перофмансите на M2 Note се следните: 5.5 инчен FHD дисплеј, 8-јадрен 64-битен процесор со фреквенција од 1.3GHz, 2GB RAM, 32GB меморија за складирање на податоци. Задната CMOS камера е 13MP, за која од Meizu тврдат дека има латентност од нула секунди, а предната камера е 5MP. Батеријата е прилично добра и има капацитет од 3100mAh. Уредот има инсталиран Android 5.0 Lollipop и поддршка за 4G пристап кон интернет.
 
 
Цената од 209 долари е многу поволна, а уредот е достапен овде за преднарачка до 31 јули. Како ви се чини дизајнот на Meizu M2 Note во споредба со iPhone 6 и Samsung S6?