Dmail - екстензија за бришење погрешно испратени мејлови

Објавено на 28.07.2015 во Новости



Dmail - екстензија за бришење погрешно испратени мејлови

Сигурно ви се случило барем еднаш да испратите мејл по грешка, но потоа немало враќање назад. Без разлика на тоа што Gmail овозможи враќање на испратениот мејл во рок од неколку секунди, новата екстензија има уште подобри можности. 
 
Dmail им овозможува на корисниците од Google Chrome прелистувачот да контролираат колку најдолго може да стои испратениот мејл, односно се темпира за колку време сакате сам да се избрише од мејлот на оној што сте му ја испратиле пораката. Тој период може да биде 1 час или 1 недела. Доколку испраќачот не постави тајмер, мејлот може да се повлече во секој момент, што значи дека лицето што го примала мејлот нема да може да го прочита. Моментално е достапна само неофицијална екстензија за Google Chrome за Windows 8 уреди и може да ја преземете од тука. За да ја користите официјалната верзија на Dmail, мора да имате Windows 10 оперативен систем.