Мртвиот Google + отстранет од YouTube

Објавено на 28.07.2015 во Новости



Мртвиот Google + отстранет од YouTube

Google се обиде на милиони начини да ја популаризира социјалната мрежа Google +, но овој неуспешен проект продолжува да тоне без големи активности од корисниците кои автоматски добиваат профил. Исто така корисниците беа бесни кога Google одлучи да го залепи профилот на Google + со профилот на YouTube, но сега грешката е отстранета и повеќе нема да се логирате и на двете сметки.
 
Сега ако сакате да коментирате на видеата, да поставувате ваши видеа или да креирате канали нема да ви биде потребен профилот на Google +, а оваа социјална мрежа повеќе нема да биде форсирана туку ќе функционира врз база на поврзани интереси ако пронајдете соодветна група на контакти.