Големо предупредување од Хокинг и Маск

Објавено на 29.07.2015 во Новости



Големо предупредување од Хокинг и Маск

После барутот и нуклеарното оружје, автономното оружје претставува трета револуција во војувањето, при што ако војската започне со производство на оружје со вештачка интелигенција, може да се очекува глобална трка за развој на такво оружје. Тоа е многу лоша идеја и треба да биде спречена од корен. Најдобро би било со оружјето секогаш треба да управува исклучиво човек, а не робот и вештачка интелигенција. Така гласи соопштението во отвореното писмо од страна на Меѓународната конференција за вештачката интелигенција, одржана во Буенос Аирес и потпишана од илјадници научници и експерти за роботика и вештачка интелигенција. Меѓу потписниците на писмото се голем број на познати личности - Стив Возниак, Стивен Хокинг и Елон Маск. Иако Возниак во меѓувреме се предомисли, другите двајца веќе долго време предупредуваат дека вештачката интелигенција е "егзистенцијална закана за човештвото и би можела да доведе до уништување на човечкиот род.
 
 
Писмото предупредува за досегашниот развој на вештачката интелигенција, бидејќи таа за неколку години ќе стане дел од нашето секојдневие. Ако воените сили ја користат, во иднина може да се наметне голем проблем - наместо луѓе, роботи ќе донесуваат одлуки за напади и тоа на крај би можело да резултира со сценарио како што е она во Терминатор, каде вештачката интелигенција и роботите се свртуваат против народот. Важно е да не дојде до каква трка за вооружување, како онаа за време на Студената војна, кога со лансирањето на нуклеарните проектили можеше да се убијат милиони луѓе со само едно стискање на црвеното копче. Научниците го завршуваат писмото со тоа што вештачката интелигенција може во многу нешта да им помогне на луѓето и човештвото, но искористувањето во војувањето дефинитивно не е добра идеја. 
Автор: Aleksandar Stankov