Што би сакале да го прашате генијалецот Хокинг?

Објавено на 30.07.2015 во Новости



Што би сакале да го прашате генијалецот Хокинг?

Вчера пишувавме за големото предупредување на Хокинг и Маск. Двајцата големци предупредија за злоупотребата на вештачката интелигенција во сегментот вооружување. Врз основа на тоа, сигурни сме дека имате многу прашалници над главата. 
 
Затоа, дали и што би сакале да го прашате генијалецот Хокинг? Сега можете да го направите тоа преку рубриката на Reddit - „Ask Me Anything“. Оваа функција им служи на корисниците за поставување на прашања до познатите личности, меѓу кои се филмските и музичките ѕвезди, како и најголемите бизнисмени во светот, како што се на пример Бил Гејтс и Мадона. 
 
Рубриката вообичаено функционира во реално време, при што луѓето поставуваат прашања и прашаните одговараат веднаш. Но, поради здравствената состојба на Хокинг, прашањата ќе бидат одговарани во текот на наредните недели. Прашањата можете да ги напишете на овој линк кога сакате, најдоцна до 4 август. 
Автор: Aleksandar Stankov