Xiaomi подготвува целосно оперативен Windows 10 таблет

Објавено на 31.07.2015 во Новости



Xiaomi подготвува целосно оперативен Windows 10 таблет

Од Xiaomi се очекува да го засили партнерството со Microsoft лансирајќи екстра моќен Windows 10 смартфон, но за тоа ќе почекаме, бидејќи најпрво ќе биде промовиран нов таблет со сите функции на оперативниот систем.
 
Windows 10 таблет на Xiaomi ќе има големина од најмалку 10 инчи со моќен процесор и графика, како и моќни компоненти, а ќе може да се поврзе и со маус и тастатура преку Bluetooth. Промоцијата на Xiaomi таблетот со Windows 10 ја очекуваме во текот на ноември.