Windows 10 - Solitaire се наплаќа со тактика

Објавено на 31.07.2015 во Windows



Windows 10 - Solitaire се наплаќа со тактика

Windows 10 дојде како бесплатна надградба за сите што имаа Windows 7 или Windows 8.1. Microsoft сепак знае како да си ја поврати инвестицијата, т.е. компанијата има намера да наплати дел од услугите. Омилената игра Solitaire повторно ја има на десетката, но со опција за отклучување на премиум верзија на играта.
 
 
Основата верзија на играта е полна со реклами, кои ако сакате да ги исклучите и да добивате парички додека играте, ќе треба да платите 1,5 долари месечно или 10 долари за цела година. Рекламите на Solitaire не се исти како тие на мобилните платформи скриени на лента на долниот дел од дисплејот, туку се простираат на целиот екран и траат од 15 и 30 секунди и игрите сега не може да се прекинуваат. Корисниците се незадоволни од овој потег, а Microsoft веќе размислува да направи слична тактика и со останатите програми и игри. Мислевте дека Windows 10 ќе биде целосно бесплатен покрај сите овие вложувања во Cortana и многу други нови функции и подобрувања?