Силата е присутна кај iPhone 6s - Force Touch сензорите потврдени

Објавено на 01.08.2015 во Новости



Силата е присутна кај iPhone 6s - Force Touch сензорите потврдени

Apple започнал да ги добива Force Touch сензорите кои ќе бидат искористени во новите модели на iPhone 6s и iPhone 6s Plus, со истото искуство како и кај Apple Watch за добивање на нов вид на контрола на дисплејот со додадени команди.
 
 
Масовното производство на Force Touch сензорите веќе е започнато и во текот на август ќе може да се креираат првите прототипи за тестирање на iPhone 6s и iPhone 6s Plus кои ќе донесат нов интерфејс. Промоцијата на iPhone 6s и iPhone 6s Plus ја очекуваме на почетокот на септември со олед на забрзаното производство како и за побрз одговор на предизвикот на Samsung со Galaxy S6 edge + и Galaxy Note 5.
Автор: Aleksandar Stankov