Windows 10 освои 15 милиони корисници, вие што чекате

Објавено на 03.08.2015 во Новости



Windows 10 освои 15 милиони корисници, вие што чекате

Microsoft со гордост соопшти дека за само неколку дена добил дури 15 милиони корисници кои ја искористиле можноста за бесплатна надградба со Windows 10 што дава позитивен сигнал за новиот софтвер. 

Сите кои имаат лиценциран Windows 7, 8 и 8.1 може да ја превземат надградбата, а останатите кои користат пиратски софтвер ќе добијат пробна верзија која потоа ќе треба да ја официјализираат. Windows 10 е прилично евтин за корисниците со 110 долари за Home верзијата и 190 долари за Home Pro верзијата.