Шефот на Mozilla бесен заради Microsoft Edge

Објавено на 01.08.2015 во Новости



Шефот на Mozilla бесен заради Microsoft Edge

Предвидувањата за масовното преземање на новиот Windows се точни, со оглед на тоа што Windows 10 е преземен од над 14 милиони корисници во првите 24 часа. Пристигнаа и првите реакции од конкуренцијата, на кои не им се допаѓа начинот на кој Microsoft се обидува да го зграпчи поголемиот дел од пазарниот колач на полето на веб-прелистувачи.
 
 
Шефот на Mozillа, Крис Бирд, испратил отворено писмо до Сатја Надела, незадоволен од начинот на кој корисниците го одбираат дифолт прелистувачот после надградбата. После надградбата со Windows 10, се губат поставките што го одредуваат зададениот прелистувач и токму поради тоа Mozilla ќе изгуби голем број на активни корисници, со што Firefox ќе влезе во втор план. Шефот на Microsoft Сатја Надела тврди дека корисниците може да го вратат Firefox како свој дифолт прелистувач кога сакаат (иако тоа не е толку едноставно како што беше порано). 

Како и да е, екипата од Mozilla преземала мерки, затоа што сака да игра на сигурно. Компанијата објавила видео со кое објаснува како може да го вратите Firefox како дифолт прелистувач, доколку сте револтирани и вие од лукавиот потег на Microsoft.