No.1 Watch - unisex дизајниран шармер

Објавено на 03.08.2015 во Новости



No.1 Watch - unisex дизајниран шармер

Кинеската компанија сака да биде број еден на глобално ниво и во своето портфолио нуди смартчасовници и смартфони. Со оглед на ниските цени на продуктите, компанијата од No.1 очигледно ја очекува светла иднина. No.1 Watch е сега во фокусот на вниманието, кој може да се рангира како смартчасовник со солидни перформанси и евтина цена - значи, многу добивате, а малку давате. 
 
 
No.1 Watch е првиот кружен смартчасовник со кој може да ги повикувате вашите пријатели со помош на микро СИМ картичка. Тој се одликува со висок капацитет на меморија - една оптимална верзија со 8GB, а друга и до 16GB со доплаќање. Во поглед на дизајнот, No.1 Watch се обидува да ги шармира купувачите со својот уникатен стајлинг - елегантно обликуван кружен дисплеј, со што го подобрува вашето искуство во прилика на користењето. Производителот го промовира часовникот како богата класа - најдобриот од најевтините. Дисплејот е заштитен со нано-стакло и нерѓосувачки челик, што значи дека сте обезбедени од падови - часовникот нема да се изгребе. Сето ова заедно е комбинација од одличен моден дизајн и одличен квалитет. 
 
 
No.1 Watch можете да го поврзете, односно синхронизирате со вашиот смартфон преку Android апликација и ако сакате може да направите да ви стигнуваат известувања. Тука е и педометарот, кој мери колку се движите, т.е. ги брои вашите стапки, со што ви помага да ја одржувате вашата добра фит линија. Уште еден доказ дека смартчасовникот ви помага за подобрување на здравствената состојба е Sedentary reminder, кој ве потсетува кога седите премногу време, за да станете и да направите неколку вежби за добра циркулација на крвта. 
 
 
No.1 Watch се грижи до тој степен за вас, што ве чува од УВ зраците и алармира кога има превисоко УВ зрачење во воздухот. Често пати забораваме и каде сме го оставиле нашиот смартфон, па затоа Anti-lost функцијата е тука да ви помогне. Замислете, сите овие привилегии на вашиот зглоб?! No.1 Watch е unisex дизајниран смартчасовник, со цел адекватно да може да го користат и мажи и жени. Повеќе детали имате тука