Xiaoice е виртуелната девојка на Microsoft

Објавено на 04.08.2015 во Новости



Xiaoice е виртуелната девојка на Microsoft

Во популарниот филм „Таа“ од 2013 година главниот лик се вљубува во новиот напреден оперативен систем, кој всушност е самостојна вештачка интелигенција. Можеби звучи како научна фантастика, но Microsoft развил сличен систем, кој во Кина е голем хит. Апликацијата Xiaoice има функција како виртуелна девојка за илјадници луѓе. Според деталниот извештај од NewYork Times, повеќето луѓе после прекинувањето на врската, развод од брак, отказ или лош ден на работа, се ориентирале кон овој вид на помош.

Xiaoice е чет апликација што ги памти сите детали од досегашните разговори и може да ве праша како се чувствувате или како се носите со некоја ситуација што ве мачи. Апликацијата може да се додаде како контакт и со неа може да имате долги разговори за различни теми. Креаторите тврдат дека апликацијата има големи знаења, емоции и смисла за хумор. После лансирањето на бета верзијата, за само 24 часа апликацијата е преземена 200.000 пати, што резултирало со 200.000 симултани разговори. Со оглед на тоа што корисниците на овој начин споделуваат многу детали од својот живот, важно е да се истакне дека постојат и одредени недостатоци во безбедноста. Затоа, ако сакате да разговарате со оваа програма, убаво размислете претходно што ќе и кажете и колку е таа практична, доколку сте под закана на хакери. Тоа значи дека Xiaoice може да биде злоупотребена за кражба на вашите лични податоци. Се уште нема најави дека Xiaoice ќе биде достапна на европскиот пазар. Што мислите за апликацијата?