Apple ќе им зададе големи главоболки на мобилните оператори

Објавено на 04.08.2015 во Новости



Apple ќе им зададе големи главоболки на мобилните оператори

Мобилните оператори го обожаваа Apple досега поради добрата продажба, а со самото тоа и привлекувањето на купувачите на двегодишни договори, но следната фаза ќе биде голем проблем за сите компании што ги продаваат уредите од Apple. 

Apple сака да има контрола над се што работи. Досега тоа им одеше од рака, а истото продолжува да се случува со засилен интензитет. Не е тајна дека Apple веќе одредено време работи на MVNO (mobile virtual network operator). Веќе некое време компанијата е во преговори за да се лансира мрежата во САД и Европа. Додека да дојде тој момент Apple извршува проверка кој ќе им даде поддршка. Работите функционираат на следниот начин: наместо да му плаќате на операторот секој месец, ќе му плаќате директно на Apple за потрошениот сообраќај, повици и СМС пораки. Apple ќе ви ги овозможува сите услуги на кои бевте навикнати досега. Првите чекори се веќе во тек, Apple започнува со контрола врз говорната пошта, која засега се подготвува за серверите на операторот, со цел во блиска иднина ова да се случува на серверите на Apple, поточно на iCloud. 

Apple не е единствената компанија што работи на MVNO, Google започнал да плива во овие води исто така со својот Project Fi, кој е достапен само за Nexus 6 во САД, но со можност за проширување и кај другите уреди и држави. Изгледа дека сега мобилните оператори ќе треба да се борат за договор со Apple, кој ќе ја одбере најевтината понуда, што дополнително ќе го искомплицира и онака сложениот пазар на мобилна телефонија.





Прочитајте повеќе: