LG Wine Smart e нов Android на преклоп
Објавено на 05.08.2015 во Новости
LG Mobile има неколку интересни мобилни телефони на преклоп наменети за азискиот пазар, но верува дека има потенцијални купувачи во Европа и САД и затоа го лансира LG Wine Smart како одличен Android телефон на преклоп.
LG Wine Smart е прилично квалитетен и е над просекот на обичните телефони со четири-јадрен Snapdragon 210 процесор, 1 GB RAM, 4 GB меморија, 3 мегапикселна камера, како и батерија со капацитет од 1700 mAh. LG Wine Smart ќе биде пуштен во продажба кон крајот на август по цена од 150 евра.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.