iPhone 6S - нови фотографии

Објавено на 05.08.2015 во Новости



iPhone 6S - нови фотографии

Од новите фотографии што се појавија на интернет за iPhone 6S може да се види дека новиот смартфон е многу сличен со сегашниот модел, со една голема разлика. iPhone 6S ќе има нов и помоќен процесор и значително подобрена камера, со Force Touch сензор.

Објавените фотографии на страницата Maxifit наводно потекнуваат од азиските доставувачи, на кои може да се види сензор до копчето Home. Тој е всушност сензорот за Force Touch технологијата, која функционира со силата на притискањето. Оваа технологија не е ништо ново, затоа што веќе се користи на новиот MacBook и на Apple Watch.