Lumia 950 XL (нови слики) - практичен за ракување со 1 рака

Објавено на 06.08.2015 во Новости



Lumia 950 XL (нови слики) - практичен за ракување со 1 рака

Windows 10 Mobile треба да пристигне официјално во октомври, со што Microsoft ќе ги лансира двата нови пастува од високата класа, кои ќе имаат за цел да се претркаат со големците – Lumia 950 и 950 XL. Поголемиот модел 950 XL сега можеме да го видиме на слики.

Како што може да се види, смартфонот на сликата има футрола за да го прикрие дизајнот. Очигледно Microsoft нема да направи големи дизајнерски промени и ќе ги задржи поликарбонатната пластика и металната рамка. Празниот простор околу дисплејот е многу мал и тоа ќе биде голема предност за практичното управување со уредот. Тоа значи намалување на димензиите и помала рамка. Супер, зар не?

Двата модела имаат различни дисплеи – Lumia 950 - 5,2 инчи, а Lumia 950 XL - 5,7 инчи. Помалиот модел се одликува со Snapdragon 808 процесор и батерија со капацитет од 3000 mAh, а поголемиот ќе има Snapdragon 810 и соодветно, батерија од 3300 mAh. Останатите спецификации се исти кај двајцата браќа – 3 GB рам меморија, 32GB меморија за складирање на податоци, со можност за проширување со micro SD картичка, 20MP задна камера и три LED диоди за осветлување, 5MP предна камера, читач на зениците на окото за отклучување и поголема заштита, USB Type-C конектор, AMOLED дисплеи со резолуција од 2560х1440 пиксели. Двата модела имаат Continuum за да може да се поврзаат со голем монитор и да работат како вистински Windows 10 десктоп компјутер. 

Очигледно Lumia 950 XL и неговиот брат Lumia 950 се изработени внимателно за да ни пасираат во рака кога ги ракуваме, а Microsoft е свесен дека ни се потребни практични телефони. Освен 950/950 XL, на почетокот од следната година компанијата ќе понуди и уреди од пониска класа - Lumia 735 и Lumia 830.