Не следат преку батериите, знаат што правиме на интернет

Објавено на 06.08.2015 во Новости



Не следат преку батериите, знаат што правиме на интернет

Откриен е нов метод со кој корисниците може да бидат следени на интернет, а тоа е преку карактеристиките на батеријата на телефоните или таблетите. Сите батерии користат HTML5 Battery Status API софтвер кој го открива капацитет на полнењето, потоа издржливоста, па дури и времетраењето до следното полнење.

Откако ќе бидат откриени сите поединечни карактеристики следењето преку веб страните на Chrome, Mozilla и Opera ќе стане многу лесно бидејќи ќе се пронајдат сите шеми на батеријата на корисникот со неверојатна прецизност. Ваквото следење најчесто го користат големите веб гиганти за да направат анализа на своите корисници, но оваа техника може да биде злоупотребена.