Google и Samsung секој месец со безбедносни надградби

Објавено на 06.08.2015 во Новости



Google и Samsung секој месец со безбедносни надградби

Google и Samsung за своите Android смартфони и таблети секој месец ќе пласираат безбедносни надградби кои ќе ја зголемат заштитата на корисникот и ќе го намалат ризикот од пробивање на штетен софтвер, вирусни апликации, како и наоѓање „багови“ во системот за искористување на слабости. Во оваа програма ќе влезат Nexus и Galaxy уредите, а останатите брендови може да се приклучат и подоцна.