#Hellojean - секси фармерки за полнење на iPhone

Објавено на 06.08.2015 во Додатоци



#Hellojean - секси фармерки за полнење на iPhone

Фармерките со специјален дизајн - #Hellojean, имаат посебен џеб за батерија, за полнење на вашиот телефон. Фармерките се женски модел и се продаваат за цена од 190 долари. Дополнителниот џеб предвиден за носење на телефон е многу мал и одговара за телефони како што се iPhone 6, не поголеми.

Хоризонталниот џеб за батеријата се наоѓа над задниот џеб, заедно со уште еден вертикален џеб, сместен малку пониско, наменет за iPhone 5/5S или некои други уреди со слични димензии. Батеријата се продава посебно, за која треба да платите плус 49 долари и се става во хоризонталниот џеб, додека USB кабелот е скриен во конците за да не се гледа. Фармерките претставуваат алтернатива за заоблените преносни батерии, кои не може да се ставаат во џеб. Не е познато само дали фармерките се удобни за носење, но очигледно е дека ќе бидете секси со нив.