Windows 10 - најважните кратки патеки

Објавено на 07.08.2015 во Windows



Windows 10 - најважните кратки патеки

Windows 10 излезе официјално на 29 јули и се уште е во екот на вниманието. Затоа неодамна напишавме рецензија. Реакциите на корисниците не стивнуваат, кој се фали, кој се жали, но општо се очекува да се подобрат многу работи што не беа во ред во Windows 8. Голема новост е враќањето на Start менито и беше пречекано со голема радост од корисниците, кое е дизајнирано прилично атрактивно, како што доликува за нов оперативен систем. Најважо е што безбедноста кај Windows 10 е на многу повисоко ниво, додека новиот веб-прелистувач Edge го испрати Explorer во пензија. 

Со влечење на три прсти на тачпадот кон нагоре се активира опцијата „Приказ на податоци“, односно се прикажуваат сите отворени апликации и документи, додека со повлекување со три прсти кон лево и десно, корисниците имаат можност да се префрлаат на другите отворени апликации и документи. За да ракувате полесно со функциите во новиот Windows 10, ова се најважните кратенки кои најчесто се користат: 

Windows Key + Tab - активирање на опцијата за приказ на задачи

Windows Key + А - се активира Action Center

Windows Key + D - покажува Десктоп

Windows Key + Е - го покренува Explorer за датотеките

Windows Key + H - ја активира опцијата за заедничко користење

Windows Key + I - се отвораат поставките за Windows 10

Windows Key + К - се активира опцијата за поврзување со безжични екрани и аудиоуреди

Windows Key + L - се заклучува компјутерот

Windows Key + R - се отвора прозорец за стартување апликации, документи

Windows Key + S - се активира Cortana

Windows Key + X - управување со бројни опции на компјутерот

Windows Key + Ctrl + D - создавање на нов виртуелен десктоп

Windows Key + Ctrl + F4 - затворање на новиот виртуелен десктоп

Windows Key + Ctrl + лево или десно - промена на виртуелниот десктоп





 
Најнови телефони
 
  • P9 Plus
  • P10
  • Galaxy S8 Plus
  • Galaxy S8
  • Note 7
  • Galaxy C7
  • Desire 10 Lifestyle
  • Moto Z
  • 3T
  • NOVA
 


{}