Doogee Y100 Plus - Поголем, помоќен и поиздржлив

Објавено на 07.08.2015 во Новости



Doogee Y100 Plus - Поголем, помоќен и поиздржлив

Doogee Y100 Plus е нов смартфон од кинескиот бренд кој овој пат ја засилува неговата маска и дисплеј со Corning Gorilla Glass 3 заштита, а има и поголема површина од 5.5 инчи.

Doogee Y100 Plus се карактеризира како моќен телефон во средната класа со осум-јадрен MediaTek MT-6735 процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, microSD картичка за дополнителни 128 GB, 13 мегапикселна главна и 8 мегапикселна предна камера. 

Цената на Doogee Y100 Plus ќе изнесува околу 150 долари и наскоро очекуваме да се најде на пазарот, заедно со можност за онлајн нарачки.





Прочитајте повеќе: