Паѓаат цените на Galaxy S6 и S6 Еdge?!

Објавено на 08.08.2015 во Новости



Паѓаат цените на Galaxy S6 и S6 Еdge?!

За да биде еуфоријата уште поголема, Samsung ги намалува цените на Galaxy S6 и Galaxy S6 Edge, кои наскоро ќе бидат достапни со поприфатливи цени. Финансиските резултати на Samsung за вториот календарски квартал од 2015 година кажуваат дека компанијата има пад на профитот од 8% заради слабата продажба. Samsung изјавува дека втората половина ќе биде тешка за продажба и затоа планира да продолжи со иновации и намалување на цените. 

Првиот потег во оваа партија шах ќе биде намалување на цените на Galaxy S6 и Galaxy S6 Еdge, а потоа лансирање на нови модели од висока класа. Допрва треба да дојдат Galaxy Note 5 и Galaxy S6 Edge + на Unpacked настанот на 13 август.