WalkCar - Кога Јапонците ќе направат скејтборд

Објавено на 10.08.2015 во Новости



WalkCar - Кога Јапонците ќе направат скејтборд

WalkCar е нов концепт на скејтборд кој воопшто не треба да ги туркате со нозете бидејќи неговите тркала автоматски се движат, слично на концептите на сегвеј возилата. WalkCar е минијатурна „даска“ која може да ја издржи целата ваша тежина, па дури и да ја користите за туркање на тешки предмети, како колички полни со производи.

WalkCar одлично се движи на по улиците, а голема стабилност покажува и на мали препреки, но само ако се движите по асфалтирана или рамна патека. Оваа фантастична креација е дело на јапонската компанија Cocoa Motors и може да издржи 120 килограми, развива брзина од 10 километри на час и може да вози 12 километри без престан.  

WalkCar се уште е проект во развој и голем дел од финансирањето ќе се одвива преку јавна кампања на KickStarter каде почетната цена за првите инвеститори изнесува 800 долари. Конечниот пласман доколку се оди според планот ќе пристигне во текот на пролетта следната година.