Firefox 40 за Android и Windows 10 - рефреширан и убав

Објавено на 12.08.2015 во Новости



Firefox 40 за Android и Windows 10 - рефреширан и убав

Нова верзија на Firefox е достапна - Firefox 40, кој содржи одредени новитети, со цел да се подобри корисничкото искуство. Главната промена е рефрешираниот изглед на новороденчето, но само за корисниците на Windows 10. Прелистувачот за Windows 10 има посебен изглед, кој со одредени ситници е прилагоден на дизајнот на десетката. Новиот Firefox 40 е достапен за Windows, Linux и OS X за десктоп и Android. 

Освен тоа, има мала промена кај боите, има поголеми копчиња, поголем фонт во траката за адресите, итн. Firefox кај Windows 10 овозможува промена на пребарувачот кај вградениот Search на системот. Сите промени за десктоп ви се достапни тука, а за Android овде

Firefox 40 ја подобрува безбедноста, при што ќе биде засилена сигурноста со тоа што додатоците што не се од Mozilla, ќе се означени со знакче за предупредување, а во наредните верзии истите додатоци ќе бидат автоматски деактивирани. Mozilla го користи Google Safe Browsing Service во својот прелистувач, кој е достапен и за прелистувачот на Android-ците. Ако не е автоматски ажуриран, Mozilla Firefox 40 може да го инсталирате преку самиот прелистувач. Ако сакате, може да го преземете преку овој линк и да одберете дали го сакате за Windows 10 или за Android.