Google е главен сојузник на Американците и Курдите против ISIL

Објавено на 12.08.2015 во Новости



Google е главен сојузник на Американците и Курдите против ISIL

Google е главното ткиво што ги поврзува американските сили и курдските милитанти во борбата против ISIL во дотолчената Сирија. Новинарот од Њујорк тајмс Рукмини Калимачи пишува од бојното поле дека борците користат Android-таблети од Samsung и Google Earth за да ги следат своите борбени линии и се координираат со блиската воздушна поддршка со војската на САД.

Курдите како сојузници им испраќаат GPS адреси на Американците, кои може да го видат непријателот каде се движи. Потоа само ги чекаат американските воени авиони да нападнат. Бесплатниот софтвер за користење на Google го менува начинот на водење на модерните војни. Денес софтверот е толку моќен и евтин, што е доволно за да биде лесно употреблив во војна. Секој што се потпира врз продуктите од мапата на Google за разгледување на државата или да ги пронајде своите пријатели, може да биде изненаден кога ќе најде најде софтвер со податоци за живот и смрт. Се случило и американските воени координатори да им испратат мапа на курдските борци со означен жолт круг, со инструкции да се засолнат таму додека САД ги таргетира и бомбардира ISIL.

Иронично, една од причините за потпирањето врз базата на податоци на Google е тоа што американските воени сателитски мапи се сметаат за премногу доверливи за да се споделат со сојузничките борци од земјите што не се членки на НАТО, што е пречка за напорите на САД да ги поддржи локалните воени центри. Американските војници наводно почнале да помагаат со Google Earth за да се пополни таа празнина, при што била развиена апликацијата iSpatial, која се потпира врз мапите на Google, API, со цел достава на информации за американските војници и дипломатите. Користењето на Google Earth најверојатно ќе значи мал чекор за американските сили. Спроведувањето на воздушните напади во близина на трупите на терен е деликатна воена операција. Порано биле неопходни набљудувачи на терен за точно таргетирање и тренирање на борците за оваа сложена задача. Со глобалниот оперативен систем и апликацијата на Google, Курдите сега може да испраќаат GPS координати преку облаците, а потоа да гледаат како жешкиот метал паѓа како дожд. Google се уште нема коментар во врска со овој начин на користење на софтверот.