Десетката гази - инсталиран од 27 милиони корисници

Објавено на 13.08.2015 во Windows



Десетката гази - инсталиран од 27 милиони корисници

Во првите 24 часа откако Microsoft почна со продажба на Windows 10, оперативниот систем беше преземен од над 14 милиони уреди, а новите цифри се уште поголемо изненадување. Над 27 милиони корисници го надградиле својот оперативен систем со десетката, а ако продолжи ваквиот тренд, новиот софтвер од Редмонд ќе ја надмине претходната верзија на Windows 8.1. Овој број претставува 3,78% од вкупниот број на оперативни системи на пазарот за само 2 недели. Инаку, Windows 8 ја достигна оваа бројка за 6 месеци.

Microsoft очекува уште подобри резултати, така што според нивните предвидувања, за две години Windows 10 би можел да сврти над милијарда компјутери и таблети. Мора да признаеме дека ИТ заедницата наметна клетва над метро корисничкиот интерфејс и успеа да се навикне на новите Windows-и, кои сега се споредуваат со популарната седмица. Најверојатно нивниот план за доминација во областа на оперативни системи ќе се реализира. Десетката е бесплатен во текот на првата година и достапен е за преземање од 29 јули. Верзијата за мобилни телефони ќе биде достапна во следните месеци.