Samsung Galaxy S6 Edge Plus - Поголем, поефикасен, пофраерски

Објавено на 13.08.2015 во Новости



Samsung Galaxy S6 Edge Plus - Поголем, поефикасен, пофраерски

Samsung го претстави и четвртиот супер смартфон оваа сезона кој се чини дека е најквалитетен, особено за фановите на големи фаблети. Samsung Galaxy S6 Edge Plus е значително пошик од основниот модел со 5.7 инчен Quad HD Super AMOLED дисплеј, а има и поефикасен дизајн со потенко тело од 6.9 милиметри.

Plus моделот има речиси идентичен хардвер предводен од моќната машина Exynos 7420, 4 GB LPDDR 4 RAM, меморија од 32, 64 и 128 GB, потоа екстра батерија со капацитет од 3000 mAh, како и 16 мегапикселна камера. Дополнување е новитетот HD Live со кој ќе може да стримате видеа во живо. 

Samsung Galaxy S6 Edge Plus има заоблен дисплеј со две странични дополнителни ленти на кои ќе се активираат Edge апликациите со посебни содржини и побрз пристап до најчесто користените контакти. Samsung Galaxy S6 Edge Plus доаѓа на 21 август и ќе чини околу 600 евра.

 

Автор: Aleksandar Stankov