Голема дилема - Galaxy S6 Edge + или Galaxy Note 5

Објавено на 15.08.2015 во Новости



Голема дилема - Galaxy S6 Edge + или Galaxy Note 5

Samsung Mobile како да ги прочита мислите на фановите и првата реклама која ја сними за новите модели е дилемата дали да се избере Galaxy S6 Edge + или Galaxy Note 5, како два многу слични фаблети со големина од 5.7 инчи и идентична хардверска моќ, но со мали разлики во заоблениот дисплеј, функционалното S пенкало и дизајнот.

Според нашата анализа Galaxy Note 5 е супер квалитетен фаблет, но повеќе внимание е вложено во дизајнот, што секако не е лошо, додека пак Galaxy S6 Edge + е многу поатрактивен поради дополнителните странични ленти на дисплејот, тенкото тело и малата гранична линија. Што мислите вие, кој е подобар фаблет и кој би го користеле како примарен. 

Бонус за вас е прекрасната Криси Тејген, супер моделот ангажиран за најновата реклама за дилемата меѓу Galaxy S6 Edge + и Galaxy Note 5.