Google - комарец за лекување на маларија

Објавено на 15.08.2015 во Новости



Google - комарец за лекување на маларија

Технолошкиот гигант Google, кој наскоро ќе се вика Alphabet, размислува за влегување во бизнисот со генетска модификација. Компанијата покажала прво интерес за гените на комарците, при што сакаат да смислат начин за целосно излекување на маларијата. Вработени во Google веќе биле на неколку состаноци со експерти од областа на генетската модификација.

Линус Упсон, човекот што го развил Google Chrome, разговарал со експертот од Харвард, Џорџ Чурч, за креирање на комарец што ќе ги збрише болестите како што е маларијата. Светската здравствена организација има податок дека маларијата убила над половина милион луѓе само минатата година, а од детска грозница годишно заболуваат над 300 милиони. Луѓето обично го поврзуваат генетскиот инженеринг со билките, но постојат податоци и за многу успешни експерименти со комарци. Google не сака јавно да зборува за овој проект, но сите извештаи упатуваат на фактот дека проектот е веќе во фаза на планирање.