Gear S2 - новиот смартчасовник на Samsung

Објавено на 17.08.2015 во Новости



Gear S2 - новиот смартчасовник на Samsung

Кога го најави Samsung - Galaxy Note 5, го претстави и новиот смартчасовник Gear S2, кој е значително подобар од претходникот Gear S.

Големата разлика може да се забележи кај дизајнот, така што Gear S2 има кружен облик за разлика од коцкастиот Gear S. Samsung повторно е на мета на критики дека го копира Apple. Иконките се слични со оние на Apple Watch, со таа разлика што иконките кај S2 не се подредени како кај Apple, што значи дека се малку изменети за да не се идентични. Страницата BGR отишла предалеку со тоа што напишала „конечно можеме да видиме како изгледа кружниот Apple Watch”.

За жал, нема премногу детали за перформансите на смартчасовникот. Се надеваме дека Samsung ќе испорача барем подобри перформанси кога веќе го „краде“ дизајнот од Apple. Samsung и Apple се единствени производители што досега направиле прилично добар паметен часовник. Останува прашањето и колку ќе чини Gear S2. Повеќе детали ќе дознаеме на iFA саемот на почетокот на септември во Берлин.