Viber или Вајбер - лингвистите во напад

Објавено на 17.08.2015 во Новости



Viber или Вајбер - лингвистите во напад

Една од најинтересните дилеми во последните неколку месеци е правилното изговарање на популарната апликација Viber. Досега беше пракса македонскиот јазик да ги преведува сите имиња од англиски на македонски, но поради премногу странски зборови и се појавија големи проблеми со преводот и илјадници различни толкувања на лингвистите. 

Дилемата сега е како правилно да се изговара Вибер или Вајбер? Лингвистите велат дека треба да биде Вибер, а за тоа постојат неколку причини. Зборот секојдневно се употребува и според едните експерти апликацијата треба да биде Вајбер, затоа што на англиски се изговара така. Други експерти пак велат дека Вајбер доаѓа од англискиот збор „Vibe“, што означува „вибрира“ и затоа не можеме да кажеме дека „вајбрира“, туку „вибрира“. 

Сепак станува збор за комерцијално име, кое не е поврзано со нашите македонски зборови и нема корен од друг јазик, туку е измислен од човек со американско-израелско-белоруско потекло, кој веројатно ниту самиот не знае кој е неговиот мајчин јазик. Не е доминантно ниту Вибер, ниту Вајбер, и секој различно го изговара, така што, не може да се даде конечен одговор. Ајде лингвисти, не интересира ваш коментар?