Windows 10 им ги сече главите на пиратите

Објавено на 18.08.2015 во Windows



Windows 10 им ги сече главите на пиратите

EULA (End-user license agreement) предупредува дека новиот Windows 10 ќе го блокира секој пиратски софтвер. Колку е веродостојна информацијата дали навистина треба да се плашите дека ќе ги изгубите пиратските игри и софтвери? Се разбира дека нема да се случи тоа. Windows 10 ќе овозможи поголема заштита на софтвер девелоперите за платформата, но не и за обичните корисници.

За секоја апликација инсталирана преку Store од десетката, има заштита од пиратерија, т.е. ако ја инсталирате од друго место, бидете сигурни дека ќе ви се блокира. Сите програми и сервиси на Microsoft, како што е Office, ќе биде задолжително проверен од оперативниот систем, што е нормално, затоа што секоја компанија ги заштитува своите продукти и алатки. За секоја пиратска игра и програма за Windows 10 што ја имате инсталирано и симнато преку Torrent, нема да врши проверка и нема да ја блокира, освен ако не постои вирусна закана од типот на “malware” или “spyware”. Windows 10 не може да ви ја блокира програмата е затоа што тој не ги контролира надградбите од старите програми, тоа го прават самите девелопери на софтверот. Ако сте загрижени дека ќе ве фатат со пиратска верзија, знајте дека тоа ќе се случи од самиот производител на програмата.