Microsoft лансираше итна безбедносна надградба за Windows

Објавено на 19.08.2015 во Новости



Microsoft лансираше итна безбедносна надградба за Windows

Microsoft покажа дека може да реагира во многу брз рок и веднаш да ги поправи „дупките“ во Windows системот кои им се закануваат на милиони корисници. Најновиот проблем е откриен со работата на прелистувачот Internet Explorer преку кој напаѓачите може да стекнат целосна администраторска привилегија на компјутерот и тоа без знаење на корисникот.

Ваквиот опасен напад би нанел огромни штети на корисниците, па затоа се препорачува веднаш да ја инсталирате најновата безбедносна надградба. Што се однесува на корисниците на најновиот Windows 10, тие се безбедни бидејќи пропустот го нема во прелистувачот Edge.

Автор: Aleksandar Stankov