Windows 10 целосно го блокираше Chrome

Објавено на 20.08.2015 во Новости



Windows 10 целосно го блокираше Chrome

Најновата надградба на Windows 10 build 10525 целосно ја блокираше 64 битната верзија на интернет прелистувачот Chrome, а проблемот го пријавија голем број на корисници кои велат нема решение дури и со повторна инсталација.

Проблемот е најверојатно во стандардната 32 битна инсталација на Windows 10, а има поврзаност со заштитната sandbox технологија која спречува инсталирање на надворешен штетен софтвер, објаснуваат од тимот Chromium. Наскоро се очекува решавање на грешката и враќање на 64 битната верзија на Chrome на Windows 10.