Galaxy Note 5 - помускулест од iPhone 6

Објавено на 20.08.2015 во Новости



Galaxy Note 5 - помускулест од iPhone 6

Note петката го презема дизајнот од Galaxy S6 - има метална рамка и стаклено куќиште од двете страни. Фаблетот се одликува со одличен дизајн, но неговото стаклено куќиште е минус за издржливоста, исто како случајот со браќата iPhone 4 и 4s. Алуминиумот на рамката има ранг 6013, што е за нијанса подобар, т.е. поиздржлив од алуминиумот со ранг 6063.

Тоа значи дека телефонот е помускулест и потешко се витка за разлика од iPhone 6 и iPhone 6 Plus. Но, ако телефонот ви падне, очекувајте стаклото да се здобие со оштетувања на лицето и гребнатини. 

Како што ќе забележите на тестот, падот од пониски височини е доволен за да се оштети петката.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: