Погрешното местење на пенкалцето може да го расипе Galaxy Note 5

Објавено на 25.08.2015 во Новости



Погрешното местење на пенкалцето може да го расипе Galaxy Note 5

Новиот модел на фаблетот Galaxy Note 5 има вграден механизам за автоматско исфрлање на пенкалцето за допир, но затоа пак е тргнат безбедносниот капак со кој се спречуваше погрешно негово инсертирање. Затоа сега корисниците мора да внимаваат да го внесат пенкалцето со врвот нагоре во Galaxy Note 5 бидејќи во спротивно може да го заглават внатре и целосно да ја блокираат функцијата за работа на екранот со S Pen.