Oppo R7 Plus подготвен за Европа со моќна батерија

Објавено на 25.08.2015 во Новости



Oppo R7 Plus подготвен за Европа со моќна батерија

Oppo планира да го зголеми своето интернационално присуство и за таа цел ќе го лансира еден од поквалитените модели Oppo R7 Plus по цена од околу 400 евра. Oppo R7 Plus е одлично дизајниран смартфон со тенко тело од магнезиум и има речиси невидлива рамка околу екранот со големина од 6 инчи.

Oppo R7 Plus доаѓа со осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 615 процесор, 3 GB RAM, 32 GB меморија, 13 мегапикселна главна камера, скенер за отпечатоци, Android Lollipop систем, додека батеријата со капацитет од 4100 mAh ќе биде најголем адут.